Кил слабо ја стартуваше новата бундеслигашка сезона со два порази во првите неколку рунди, што беше причина управата да реагира и да донесе нов голман на располагање на тенерот Јиха.
Тој се најде во незавидна ситуација по повредата на Жерар, по што остана со Мрква како единствен поискусен голман во тимот, доволна причина да се ангажира нов чувар на мрежата, и тоа Французинот Самир Беласен.
Станува збор за 28-годишен чувар на мрежата кој пристигнува на позајмица од редовите на Данкерк, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.