Ракометарите на Кил славеа на гостувањето кај Магдебург со 33-34 во дерби натпреварот на 13. коло во германската Бундеслига. Гостите во текот на целиот меч го контролираа резултатот, а на крајот за малку можеа да ја прокоцкаат целата предност, откако на минута до истекот на времето Магдебург дојде на само еден гол негатива. и во ниту еден момент не му дозволија на домаќинот да се понадева дека може да дојде до поволен резултат.
Првото полувреме во кое како да не постоеја одбраните гостите го завршија со предност од три гола (16-19). Во вториот дел домаќините заиграа далеку подобро. На минута до крајот успеаја да стигнат до негатива од само еден гол 32-33, но сепак Кил успеа на крајот да стигне до конечен триумф од 33-34.
Ерик Јохансон со осум погодоци беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број на голови заврши Омар Инги Магнусон.