среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кил го потпиша најдобриот стрелец во машката ракометна ЛШ

Кил го потпиша најдобриот стрелец во машката ракометна ЛШ

Германскиот ракометен гигант Кил обезбеди големо засилување за следното лето. Во таборот на „зебрите“ доаѓа Емил Мадсен од редовите на ГОГ Гудме.

Младиот 22-годишен дански репрезентативец беше најдобар стрелец во минатата сезона на елитната Лига на шампиони.  Со клубот од Германија се обврза на верност до 2028 година, а тоа за него ќе биде прво искуство надвор од Данска.