Германскиот ракометен гигант Кил го одигра последниот натпревар на домашен терен за оваа сезона во Бундес лигата, по што им се заблагодари на четворица ракометари кои го носеа дресот на германскиот шампион.
Голманот Никлас Ландин, левиот бек Сандер Сагосен, средниот бек Миха Зарабец, како и десното крило Јаник Фрац, нема веќе да бидат дел од оваа екипа.
Публиката во „Вундерино Арена“ ги поздрави своите миленици кои заминуваат во други клубови. Ландин оди во Алборг, Сагосен ќе го засили Колстад, додека Зарабец ќе биде нов раометар на Висла Плоцк.