Ракометарите на Кил победија со 33-28 над унгарски ПИК Сегед, во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Никлас Ландин имаше импресивен меч со 17 интервенции. Покрај одличната партија на Ландин, во офанзивниот дел од теренот се истакна Сандер Сагосен кој постигна осум погодоци, додека со по шест беа Рајнкајнд од Кил и Богдан Радивојевиќ од Сегед.
Реваншот од осминафиналниот дуел во Германија е закажан за седми април.