среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кил во проблеми, се повредија Жерар и Гурбиндо

Кил во проблеми, се повредија Жерар и Гурбиндо

Сезоната уште не започнала, а големи проблеми го потиснале Филип Јиха во Кил. Чешкиот стратег ќе мора да најде адекватни решенија, бидејќи остана без две засилувања на стартот од сезоната – францускиот голман Винсен Жерар и шпанскиот десен бек Едуардо Гурбиндо.

Новајлијата од Динамо Букурешт, кој требаше да биде адекватна замена за повредениот Штефан Вајнхолд, го повреди бутниот мускул и нема да биде на првиот натпревар сезонава – в среда, кога „зебрите“ ќе играат за Суперкупот. трофеј против Рајн Некар Левен.

Кил игра во Лигата на шампионите во група со Еурофарм Пелистер. Во оваа група се уште Киелце, ПСЖ, ПИК Сегед, Колштад. Загреб и Алборг.