Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го скрати списокот пред претстојниот бараж двомеч со Романија за место во вториот бараж за СП. Лазаров ќе смета на 21 ракометар, меѓу кои се наоѓа и неговото име, а најавен од претходно беше и Филип Миркуловски.
Мартин Велковски го нема поради сериозната повреда, а на десната бековска позиција како алтернативи за Кире Лазаров се Мартин Серафимов и Томи Јагуриновски.
Натпреварите против Романија се играат на 17 март во Скопје и на 19 март во Букурешт, а победникот оди во втор бараж против селекцијата Чешка.