вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кизиќ: Можеме да стигнеме до позитивен резултат

Кизиќ: Можеме да стигнеме до позитивен резултат

Битолскиот Еурофарм Пелистер во недела гостува кај Мешков Брест во рамките на реванш четвртфиналниот натпревар во ракометната СЕХА-лигата.

Битолчани на првиот натпревар на домашен терен беа надиграни и загубија со 27-31. Иако ќе биде  многу тешко да се слави со пет голови разлика во Белорусија, младиот голман Марко Кизиќ вели дека тимот не се предава предвреме.

„Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат.  Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Вајлупов. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи“, вели Кизиќ.