Женската ракометна репрезентација на Македонија направи уште една измена пред стартот на подготовките за пријателските натпревари против Србија и селекторот Љубомир Савевски повика ново име од резервите.
По Јована Кипријановска, повик меѓу сениорките доби и 17-годишната Борјана Коцева од ЖРК Вардар која важи за една од поталентираните кадетки.
Девојката која е родена 2004 година и настапува на бековската позиција во националниот тим влезе на местото на Марија Штеријова која е повредена.
Ракометарките на Макдонија ќе играат двомеч со Србија во Стара Пазова на 27 и 29 ноември. Нашиот национален тим не е на СП 2022, но е „прва резерва“, во случај ако некој од учесниците реши да се откаже.