Младиот ракометар Денис Тот (27) почина попладнево на КАРИЛ откако во медиумите прво се проширија вестите дека бил претепан во ноќен клуб, а потоа дека добил само срцев удар, а не и траги на насилство.
Тот играше за скопски Бутел, а како десно крило во клубот пристигна минатата сезона откако замина од РК Охрид каде беше сведок на големата трагедија која ја потресе Македонија кога почина ракометарот Никола Даниловски (26) чие тело полицијата го пронашла во Охридското Езеро кај туристичкото место Лагадин.
-Страшни вести, не беше ниту на вечерниот тренинг, а следното утро ги дознавме најлошите вести. Живеевме во иста зграда и можам да кажам дека не го заслужи ова, изјави тој во мај минатата година за хрватските медиуми.
Денис е од хрватското место Ѓаково, татко му е фудбалски тренер, но неговите синови завршиле во ракометот. Неговиот помал брат Борис брани во Холандија, додека кариерата Денис ја има започнато во ракометниот клуб во Ѓаково.
View this post on Instagram
Денис во својата професионална кариера се здоби и со една сериозна повреда на коленото, но и згора на тоа се врати на терените.
-По повредата не ни знаев дали ќе можам да се вратам, тоа беше долго опоравување. Го зацврстив коленото и мускулите за да можам да се вратам на ракометот,вака велеше ракометарот за хрватските медиуми во минатото.
View this post on Instagram
Тој играше за Пореч, Бјеловар, Брук, Охрид како и последниот негов клуб Бутел во кој вечно ќе биде запаметен.
View this post on Instagram