понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Костески најкорисен играч, Ојлески најдобар стрелец на Меморијалот во Охрид

Костески најкорисен играч, Ојлески најдобар стрелец на Меморијалот во Охрид

Второто издание на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски-Усташ“ ги оправда очекувањата. Пет странски и три домашни екипи се бореа за трофејот, а екипата со највисок рејтинг и единствената со билет за Лигата на шампионите оваа сезона, Еурофарм Пелистер, стигна до титулата.

По победата на битолчани над Олимпијакос од 30-27, прогласени беа најдобрите и доделени се индивидуалните признанија.

Гоце Ојлески од Охрид со 26 гола беше прогласен за најдобар стрелец, а наградата за МВП на турнирот заврши во рацете на Ненад Костески од Пелистер. За најдобар голман беше прогласен голманот на Олимпијакос, Константинос Котанидис.

Следното трето издание на турнирот ќе се одржи во август следната година.