среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Крајевски и Гебала се повлекуваат од националниот тим

Крајевски и Гебала се повлекуваат од националниот тим

По слабиот пласман на Мундијалот, на кој Полска беше еден од домаќините, двајца репрезентативци на оваа земја најавија крај на кариерата во националниот тим.

Левото крило Пжемислав Крајевски, реши да им отстапи своето место на помладите.Крајевски во моментов е член на Висла Плоцк, а претходно настапуваше и за Азоти Пулави.

Левиот бек Томаш Гебала, исто така по СП најави простување од дресот со националниот грб и ќе се фокусира само на настапите за Келце.