сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кузмановски: Да се пласираме во вториот круг на СП

Кузмановски: Да се пласираме во вториот круг на СП

Македонија ќе игра во групата во Краков со Норвешка, Холандија и Аргентина, што е незгоден состав на репрезентации кои се многу квалитетни и задачата нема да биде лесна.

„Имаме тешка група, но ние сме подготвени и целта е да се најдеме во вториот круг. Сега најважно е да го искористиме последниот дел од подготовките и двата пријателски дуели со Хрватска и Израел и здрави да заминеме за Полска. Имаме добра репрезентација со претежно млади ракометари, но и неколку искусни и прекалени волци, па верувам дека таков спој и квалитет ќе нè одведе до целта и до настап во вториот круг на СП“, вели Кузмановски.

Македонските ракометари денеска патуваат за Пореч, каде што ќе ги имаат завршните подготовки за настапот на ракометниот Мундијал.