Македонските репрезентативци денеска имаа натпревари во првата германска ракометна лига. Филип Кузмановски со Магдебург победи против Штудгард каде настапува Жарко Пешевски.
Кузмановски постигна еден гол во победата од 33:28 додека Жарко Пешевски средбата ја заврши со три гола.
Мартин Томовски беше на голот на Лудвигсхафен и запиша одум одбрани во поразот од Фленсбург од 26:29.
Филип Миркуловски не одигра меч за паметење за Вецлар откако не постигна ниту еден гол во поразот од Кил од 30:26.
извор: dribling.mk