-Со толку технички грешки како во првиот дел, не може да се победи една селекција како Норвешка. Со ништо не не изненадија, самите сме си виновни. Ова беше прв натпревар загубивме со разлика, сега мораме да се спремаме за следните два меча. Сепак колку и да се подготвуваме, Норвешка за мене е фаворит за златото. Сега пред нас се дуелите со Холандија и Аргентина, во кои мораме да влеземе со ладни глави.Атмосферата ќе остане иста, имаме уште две шанси за пласман во главната фаза, не се предаваме, верувам дека имаме што да покажеме. Ако кон некого сме строги, мора да бидеме кон нас, затоа што ние правиме технички грешки и имаме периоди со пад во играта во која противникот гради разлика, потоа е тешко да се вратиш во игра, -истакна Филип Кузмановски.
Следен ривал на Македонија е селекцијата на Холандија која денеска рутински ја доби Аргентина.