петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кузмановски потпиша за Магдебург

Кузмановски потпиша за Магдебург

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски (22) потпиша договор со германски Магдебург.

Бундеслигашот и официјално потврди дека го привлекол играчот на Еурофарм, кој до крајот на сезоната ќе остане во битолскиот тим.

Договорот со Магдебург е до 2022 година.

Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт изјави дека Кузмановски е флексибилен играч во нападот и одбраната и ќе биде големо засилување за тимот.

-Среќни сме што успеавме да ја побеиме конкуренцијата бидејќи тој беше во фокусот на многу големи клубови, изјави Вигерт, цитиран од сајтот на клубот.