Ова беше последна контрола за нашите ракометари пред заминувањето за Краков.
Еден од главните играчи во репрезентацијата на Македонија, Филип Кузмановски истакна дека не е задоволен од денешнаат прикажана игра, посебно во одбраната.
,,Тоа што го тренираме, тоа и го играме, но сигурно не тренираме да примаме толку многу голови, треба да се запрашаме, односно секој да се запраша која му е задачата тука, ние тренираме и има посветено многу внимание на тие играчи, кои играат во средината и мислам дека се ни е пружено од страна на селекторот и треба тоа само да го изработиме и да се држиме до планот, добро да ги анализираме ривалите, бидејќи имаме уште четири дена до стартот на СП. Не сум среќен за овој натпревар што го изигравме денес со Израел, бидејќи примивме 37 гола, ние никогаш нема да ги потцениме Израел, голем респект за нив, но треба да бидеме спремни за Норвешка, која има страшна бековска линија и треба да бидеме спремни посебно во одбраната, да бидеме максимално фокусирани, тука имаме исто многу млади играчи, на кои му е дадено шанса да се докажат, но мора брзо да ја искористат. Доколку тие тренираат максимално на тренинг, така ќе ги мотивираат постарите, така и јас ќе се мотивирам, и јас ако гризам на паркетот, ќе ги мотивирам Манасков, Георгиевски, Пешевски и останатите поискусни играчи…Тие треба да бидат среќни што се во репрезентација, да бидат позитивни, бидејќи тука се игра за Македонија, не се игра клуб. Тоа е едно големо признаие што играш за Македонија” изјави Кузманоски.
Филип Кузмановски заедно со Филип Талески ќе треба на СП да се наметнат како лидери на македонската репрезентација.