четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лакрабер продолжува во францускиот тим Флери

Ракометарката на европскиот вицепрвак ЖРК Вардар, Александра Лакрабер на крајот од сезоната ќе го напушти македонскиот првак и кариерата ќе ја продолжи во француската екипа Флери.
Лакрабер продолжува во францускиот тим Флери

Тоа значи дека француската репрезентативка ќе настапува во клуб од својата држава.

Трансферот на Лакрабер значи дека француската екипа за следната сезона подготува силен тим во борба за добар настап во националната лига и во еврокуповите. Лакрабер барем една сезона ќе игра за Флери.

Веста за трансферот ја потврди и нејзиниот менаџер, а ја објавија и француските медиуми.