Данскиот ракометен репрезентативец од редовите на Фленсбург, Мадс Менса Ларсен потпиша нов договор кој ќе има важност до 2026 година. Претходниот договор на Ларсен истекуваше во 2024 година, но клубот уште од сега сакаше да го обезбеди за долги стази.
-Пресреќен сум што успеавме да се договориме да останам на подолго бреме во Фленсбург. На моето семејство му е убаво тука, а и јас сакам да играм за амбициозен клуб како што е Фленсбург, изјави Ларсен.
Во редовите на Фленсбург, Ларсена настапува од 2020 година кога пристигна од Рајн Некар Левен.