четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лауге се повреди, под знак прашалник и настапот на ЕП

Лауге се повреди, под знак прашалник и настапот на ЕП

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем најмалку до крајот на месец ноември ќе настапува без Расмус Лауге.

Данецот во натпревар од Лигата на шампионите против Динамо Букурешт во 38. минута заработи повреда на скочниот зглоб.

Времето за опоравување според направените анализи ќе биде четири до пет недели, а можеби и подолго.

Лауге ќе ја пропушти ЕХФ неделата и дуелите на Данска од Златната лига, а би можел и да го пропушти и Европското првенство во Унгарија и Словачка, доколку не се опорави навреме.

Данска е ривал на Македонија на ЕП, покрај Словенија и Црна Гора.