четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Некои играчи се закочија, но ја остваривме целта

Лазаров: Некои играчи се закочија, но ја остваривме целта

Благодарение на високата победа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, македонската ракометна репрезентација ќе игра против Чешка во последното бараж коло за пласман на ракометниот мундијал, а целта дефинитивно е да го продолжиме континуитетот играње на најголемите и најважни ракометни собири.

– Не ме изненади ништо од овој натпревар, особено не Пасквал. Дефанзивата која ја постави, мене ми е позната од времето во Барселона. Многу е тешко да се пробие оваа одбрана и не беше лесно. Направивиме голема работа на овој двомеч, Романија е сериозна репрезентација со многу сериозен и искусен тренер. Не бевме ниту толку лоши, колку што тие беа добри во одбрана денеска. Ќе направиме анализа на овие два меча и ќе видиме што беше добро, а што лошо. Не чека Чешка, овие момци сега се мои колеги и другари, но истовремено сум и селектор. Односот е поинаков, јас имам поголема одговорност како селектор. Ние сме на добар пат и имаме потенцијал. Мора да се мобилизираме и да продолжиме да го развиваме спортот број еден во земјата. Да го одржиме контиунитетот со настап на големи натпреварувања, – изјави Лазаров кој на свои 42 години одигра цел меч против Романија.

Знам дека направив грешки, но имам 42 години. Одиграв цел меч на 42 години и знаев дека мора да го направам тоа. Немавме алтернатива, знам дека мечот не беше убав за око, но мора да се снајдете и така. Одредени играчи се закочија од атмосферата, тежината на мечот си го направи своето и неколкумина не беа полетни како обично. Сепак, најважно е што одиме понатаму, – додаде капитенот и селектор на репрезентацијата.