понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Нема да дозволам никого да потцениме, а за Манасков…

Лазаров: Нема да дозволам никого да потцениме, а за Манасков…

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ја собра селекцијата за последните предизвици од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.

„Од она кое го гледам, бидејќи 90% од нашите репрезентативци доаѓаат од нашата лига, можам да бидам задоволен, од нивната моментална форма. Познавајќи ги сите, мислам дека ќе го сфатат овој предизвик повеќе од сериозно. Ние сме благи фаворити иако сме млада репрезентација. Ја преземаме таа улога, но во спортот се покажало дека мора да сме претпазливи. Немаме многу време за подготовка, немаат ниту противниците. Ќе ги иксористиме овие денови за три до четири тренинзи, внимание ќе имаме повеќе на стратегијата, на тактички план. Работиме подолго време заедно и мислам дека времето кое го имаме максимално ќе го искористиме. Нема да дозволам во ниеден момент да го потцениме противникот.Ние сме на чекор до ЕП 2024, верувам во овој тим и ќе си ја сфатиме работата сериозно. Така ќе се поставам и јас како селектор. Ќе се обидам некои работи во минатото кои не функционирале, посебно во дефанзивата, да ги поправиме и да изгледаме уште подобро“, изјави Лазаров.

Околу здравствениот билтен, отпаднаа двајца пивоти, тоа се Петров и Стојковиќ. Во составот влезе Едвин Омерагиќ.

„Во последен момент отпаднаа Петров и Стојковиќ, остануваме со три пивоти, тие се „потрошена роба“, секогаш има многу контакти, затоа и на поширокиот список ги има повеќе на број баш поради овие работи. Тука се Пешевски, Маркоски, Аларов… па сметам дека ќе одговорат коректно. За другите, се е во ред, ќе видиме што ќе ни донесат на тренинзите“, додаде селекторот.

Во тимот се враќа Филип Талески, а повторно го нема Дејан Манасков. Селекторот прокоментира за кам-бекот на едниот, а за отсуството на другиот.

„Талески побара одмор за двомечот со Португалија од РФМ и од мене како селектор, тоа му се дозволи. Сега се врати и очекувам добри партии. За Манасков имам едно непријатно искуство пред почетокот и за време на Светското првенство, така што одлучив шанса да им дадам на помладите играчи“, заврши тој.

foto:gol.mk