Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Кирил Лазаров им порачува на своите избраници да очекуваат борба бидејќи Романците сигурно нема без борба да се предадат во реваншот.
По анализата и прегледувањето на комплетниот натпревар мислам дека имаше периоди во кои можевме да го „прекршиме“ натпреварот уште во првото полувреме. Не успеавме во тоа затоа што Романија е квалитетна, добро го подготви натпреварот и издржа на нашите налети дури 45 минути. Концептот, кој јас и стручниот штаб го направивме пред натпреварот, иако никогаш не знаете што ќе се случи, успеавме да го спроведеме 85-90%. На крај излезе како што посакуваме, но не треба да се залажуваме. Познавајќи го Пасквал ќе биде различен натпревар. романските медиуми најавуваат полна сала и незадоволство од нашата публика. Неслучајно одредија натпреварот да се игра во 48 часа и дури го сменија градот домаќин, тие инаку играат во Клуж. Имајќи предвид дека Динамо Букурешт има голема поддршка во Лигата на шампионите ќе имаат голема поддршка„“, истакнува Лазаров.
„Треба да бидеме будни, претпазливи и максимално сериозни и концентрирани. Физички, од она што го видов и во разговорите со медицинскиот тим, екипата се чувствува добро. Можеби некои од повозрасните ракометари непредвидено се потрошија, но јас доста обраќам внимание на тие детали, впрочем уште сум играч. Секогаш внимавам колку и во кој период можам да го дадам најдоброто од себе. Истото го мислам и за Миркуловски и за Стоилов. Митревски не го ставам во оваа категорија, тој е голман, и во подобра физичка кондиција е од сите нас. Размислувам доста за промени во тимот, одлуката ќе ја донесам вечерва или утре изутрина. Дилеми имам за одредени промени, но ќе видиме по вечерашниот тренинг. Ќе им укажам на моите ракометари – доколку го издржиме првиот налет од 15-20 минути, Романците ќе тргнат на „јуриш“. Ментално треба да го издржиме тој прв напад, физички сигурен сум дека тоа ќе го издржиме, стратегиски исто така. Ако ментално истрпиме, мислам дека ќе можеме да го исконтролираме цел натпревар“, оптимист е Кире Лазаров.