Српските ракометарки Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, ја продолжија соработката со европскиот вицепрвак Ференцварош.
Раководството на клубот од Будимпешта беше задоволно од прикажаната игра на српскиот тандем и успеа да го задржи за уште најмалку една сезона.
Лекиќ и Цвијиќ беа едни од најзаслуѓните за обезбедениот пласман на Ференцварош во финалето од Лигата на шампионите.
Ференцварош ги продолжи договорите и со голманката Кинга Јанурик, левиот бек Сандра Зачик, левото крило Јулија Харшфалви и кружниот напаѓач Анет Кишвалди.