Ракометната репрезентација на Германија го покажа вистинскиот квалитет на Аргентина на овој шампионат откако во првиот натпревар во главната фаза ја прегази со 39-19.
Во второто полувреме Аргентинците играа да изгубат колку можат помалку, а Германците стигнаа до конечен триумф од 39-19. Дури тројца ракометари кај Германија завршија со по пет гола (Гола, Грецки и Мертенс), додека кај Аргентинците ист број постигна Мартинез.
До лесна победа стигна и Египет кој славеше над Белгија со 33-28. Рамадан со седум гола и Елдера со шест беа најпрецизни кај победникот, додека кај поразените недоволни беа деветте погодоци на Данеси.