Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер во новата сезона во ракометната Лига Европа ќе настапува директно во групната фаза, додека преостанатите два претставници Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, ќе стартуваат во квалификациите, одлучи Европската ракометна федерација (ЕХФ).
-Со посредство на вајлд-карта, Еурофарм Пелистер со сигурност ќе игра меѓу 24. екипи во централниот сегмент на ова клупско натпреварување, соопшти попладнево македонскиот ракометен вицешампион.
Еурофарм Пелистер 2 ќе стартува во второто по ранг европско клупско ракометно натпреварување од првото, додека третиот македонски претставник во Лига Европа, Бутел, од второто квалификациско коло.
Првото коло од квалификациите ќе се игра на 27/28 август и 3/4 септември, а второто квалификациско коло е на програмата на 27 септември и 4 октомври.
Групната фаза ќе стартува на 25 октомври. (МИА)