Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, најверојатно ќе замине од каталонскиот гигант Барселона, иако има договор на 2025 година.
Каталонскиот клуб го крати буџетот што изнесува 7.500.000 евра за најмалку 10%, а „жртва“ треба да биде токму Циндриќ, кој според пишувањата на „Мундо Депортиво“ заработува околу 700.000 евра годишно.
Најверојатно двете страни ќе најдат заеднички јазик – Циндриќ да ги добие сите плати за една сезона од двете на кои има договор, тој да биде раскинат и Хрватот да замине во друг клуб.