понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Магдебург по продолженијата ја победи Барселона на Супер Глоуб

Магдебург по продолженијата ја победи Барселона на Супер Глоуб

Германскиот Магдебург е освојувач на Супер Глоуб турнирот што се одржува во Саудиска Арабија откако во големото финале вечерва ја совлада Барселона со 41-39 во продолжение.

Натпреварот по регуларните 60 минути заврши 35-35, а по првото полувреме Германците водеа со 21-17. Вториот дел им припадна на Каталонците, но не успеаја да направат целосен пресврт за победа во регуларниот дел.

Омар Инги Магнусон постигна 12 голови за бундеслигашот, Данел Петерсон, Гисли Кристијансон и Лукас Мертенс имаа по шест. Никола Портнер со 15 одбрани се истакна на голот кај Магдебург. Кај Барселона, Алеиш Гомезе Абелјо имаше 10 голови, седум реализираше Лудовик Фабрегас.

Третото место на турнирот го освои Кјелце откако со 35-26 го победи Ал Ахли од Египет.