Младиот интернационалец од Македонија, Бобан Петров, направи трансфер од соништата и во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе го носи дресот на вториот тим на Кил, односно на екипата до 23 години.
Петров, кој има 19 години, потекнува од школата на Велес 2009, клуб во кој ги имаше првите чекори во ракометот.
Во Германија игра од 2017 година, најпрво во Хојерсверда,а потоа во Котбус во младинските лиги.
Велешанецот игра на позиција среден бек, ги има сите предиспозиции да стане квалитетен играч, па така неговиот потенцијал беше препознаен од страна на “зебрите”, кои одлично работат со младите категории.
Договорот на Петров со второт тим на Кил е со важност од една година.