Македонската машка ракометна репрезентација денеска против домаќинот Египет атакува на првата победа на Светското првенство.
По поразот од Шведска во воведното коло, избраниците на Данило Брестовац имаат можност денеска од 18 часот да покажат дека пресметката со „Скандинавците“ беше само лош ден.
-Не знам што да очекуваме од мечот со Египет. Кога имате млад тим многу е тешко да се претпостави како ќе одигра на следниот меч бидејќи секогаш има осцилации, изјави Брестовац.
Македонија на минатото соочување со Египет на Медитеранските игри во јуни 2018 година загуби сo 34:29 а пред 22 години на Мундијалот Египет славеше со 30:24.
Од нашата група денеска уште играат и Чиле е Шведска во вечерниот термин од 20:30.