На десетти мај македонската машка ракометна репрезентација ќе ги дознае противниците во групнaта фаза на Европското првенство, кое следната година ќе се одржи во Германија.
Во очекување на верификација од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), извесно е како ќе изгледааат четирите квалитативни шешири.
Нашата репрезентација ќе ги чека своите ривали од третиот шешир, а не може да се сретне со останатите репрезентации во овој шешир.
Шешири пред ждрепката за Европското првенство 2024 година:
Шешир 1: Франција, Шведска, Данска, Шпанија, Исланд и Норвешка
Шешир 2: Словенија,Унгарија,Холандија,Германија,Португалија и Австрија.
Шешир 3: Македонија, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина
Шешир 4:Црна Гора,Фарски Острови,Грузија,Швајцарија,Романија и Грција.
Најдобрите две селекции од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето, кое ќе се одржи во неколку германски градови од 10 до 28 јануари 2024 година.