Македонската репрезентација е дел од првиот шешир за претстојното извлекување на претквалификациските групи за женското ракометно Светско првенство во Шпанија што ќе се одржи во период од 1 до 19 декември 2021 година. Во првиот шешир се уште и: Австрија, Белорусија, Словачка и Турција.
Втор шешир: Украина, Италија, Исланд, Швајцарија и Португалија.
Трет шешир: Литванија, Фарски Острови, Косово, Израел и Финска.
Четврти шешир: Грција и Луксембург.
Извлекувањето на квалификациските групи за СП 2021 е закажано за денес од 15 часот во Виена.
Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот. (МИА)