недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Метличиќ: Сите во соблекувалната плачеа кога полицијата дојде да ги уапси браќата Карабатиќ!

Метличиќ: Сите во соблекувалната плачеа кога полицијата дојде да ги уапси браќата Карабатиќ!

Легендарниот хрватски ракометар Петар Метличиќ за хрватските медиуми првпат јавно откри како биле уапсени браќата Карабатиќ при акцијата за нелегално одложување пред повеќе од една деценија.

На залезот на својата кариера Хрватот настапуваше за Монпелје и ја делеше соблекувалната со најголемите ѕвезди на француската репрезентација.

„Се сеќавам дека игравме во Париз против ПСЖ и натпреварот само што заврши, а ние бевме во соблекувалната. Влегоа неколку луѓе и наредија одредени ракометари веднаш да се преместат во соседната просторија, каде што ги чекаат инспектори за испрашување. Реакцијата на соблекувалната беше мрачна. Сите почнаа да плачат. Пред салата нè чекаа безброј медиуми, а ние во авионот за назад бевме половина екипа. Другата половина остана во Париз на сослушување“, раскажа Метличиќ.

На француските ракометари, браќата Никола и Лука Карабатиќ и на четиринаесет други лица им беа изречени условни затворски казни и парични казни во износ од 10.000 до 40.000 евра, под обвинение за местење на натпревари. Апелацискиот суд во Монпеље осуди шеснаестмината за измама и за соучество во измама во врска со натпреварот во Рен меѓу Сесон Рен и Монпеље во 2012 година. Претседателот на судскиот совет Жорж Леро им одреди условна казна затвор на сите осомничени играчи, вклучително и браќата Никола и Лука Карабатиќ, кои се прогласени за виновни за соучесништво во измама.

Покрај условната затворска казна во траење од два месеци, браќата Карабатиќ платија и сума од по 10.000 евра. Четири месеци затвор условно и парична казна од 20.000 евра доби Младен Бојиновиќ, а со истата сума и условна затворска казна од два месеци беше казнет Драган Гајиќ.

По два месеци условна казна добија Самуел Хонрубиа, Примож Прост и Исам Теж, кои платија и суми од по 15, 10, односно 20.000 евра. Од обвинението беше ослободен само Микаел Робин.