петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Милано: Голема благодарност до моите ракометари,ја заслужија победата

Милано: Голема благодарност до моите ракометари,ја заслужија победата

По победата над ракометната репрезентација на Македонија  со 35-26 и пласманот во главната групна фаза, селекторот  на Аргентина Гиљермо Милано на прес-конференцијата изјави:

„Голема благодарност до моите ракометари, а честитки и респект и за македонската репрезентација и за нивниот селектор кој претставува идол. Го пронајдовме нашето највисоко ниво на форма, иако имавме кратка подготовка. Го дадовме најдоброто од нас и ќе се обидеме да го дадеме максимумот пак во главната групна фаза за да ја издигнеме Аргентина што е можно повисоко во финалниот пласман. Оваа победа сакам да ја посветам на моите деца, кои тагуваа по првите два порази. Знаеме дека го имаме Симоне, кој е еден од најдобрите средни бекови во светот. Верувавме дека ќе дојде во најдобрата форма и го дочекавме тоа. Тој е нашиот капитен и го презеде водството на тимот. Не ми е важна разликата на крајот, туку начинот на кој игравме“, заврши Гиљермо Милано.