петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Милосављев: Треба да ги гледам двата меча, не паметам поголем дел од финалето

Милосављев: Треба да ги гледам двата меча, не паметам поголем дел од финалето

Во Скопје пристигна како замена за Страхиња Милиќ, а на крајот од тековната сезона беше крунисан за најдобар голман во Лигата на шампионите.

Дејан Милосављев го живее својот детски сон и со Вардар веќе неколку дена ја слави европската титула. Српскиот голман се уште не верува во постигнатиот успех и вели дека не се сеќава на голем дел од двата натпревари во Келн.

„Ова е лудница. Не смеам ни на улица да излезам. Сето ова делува како да не е вистина. Македонците навистина го сакаат ракометот. Ќе ми треба време за да дојдам при себе од феноменалниот завршен турнир во Келн.

Морам да ги гледам двата натпревари. Од финалето не паметам што се случи во првите 10 и на крајот, во последните 15 минути“, вели Милосављев.