Голманот Никола Митревски го анализираше натпреварот кој денес македонските ракометари го загубија од селекцијата на Холандија.
-Тие неколку црни периоди по три-четири минути во натпреварот со Холандија, во кои противникот ни правеше по 3-0 серија, го одлучија натпреварот. Тие минути беа очајни за нас, се откажувавме веројатно многу брзо, тука е и неискуството на некои играчи. Мора да поработиме на тоа, дури и покрај резултатот – да се бориме за секоја топка, рече тој.
Митревски посочи дека натпреварот со Аргентина за нас ќе биде едно мало финале.
-Се надевам дека ќе го поправиме ритамот на игра. Аргентинците исто така загубија со десет гола од Холандија. Знаеме што ни следи против нив, имаме доволно време, а потоа ќе видиме како ќе се одвива тој натпревар кој и за двете ќе биде финале за втора фаза, изјави тој.