Порто на нашиот Никола Митревски дојде до првиот бод во оваа сезона во Лигата на шампионите и тоа во дуелот со бундеслигашот Магдебург.
Во дуел кој донесе многу борба, возбудувања, драма на крајот конечниот резултат гласеше 31-31. Двете екипо поделија по едно полувреме, првото мина во знакот на гостите со 16-12, второто пак им припадна на домаќините со 19-15.
Митревски забележа три одбрани на овој меч исто како и неговиот колега Франдсен. Итуриза со седум голови беше прв стрелец кај Порто, додека исто толку на спротивната страна даде Магнусон.