четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Митревски: Прелесно паѓавме, но имаме шанса за победа

Митревски: Прелесно паѓавме, но имаме шанса за победа

По двата воведни убедливи порази од Норвешка и Холандија, македонската ракометна репрезентација утревечер (18 часот) во Краков е пред императив да ја совлада Аргентина во последното коло од групата Ф и со победа да избори пласман во главната рунда од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

Оптимистички расположен пред утрешниот дуел е голманот Никола Митревски, кој истакна дека клучно ќе биде македонските ракометари да го намалат бројот на технички грешки.

-Со Аргентина сметам дека имаме реални шанси да победиме. Како и секогаш, и кога сме имале добри или лоши натпревари, голманите зависат од одбраната. Без силна одбрана, ти можеш да имаш и 15 интервенции, а тоа е бадијала. Се надевам ќе бидеме сконцентрирани, прелесно паѓавме, со една грешка или загубена топка. Доколку го избришеме тоа во нашата игра, имаме шанса да се носиме со посилни од нас. Сите играат брзо, трчаат тие, а трчаме и ние. Кој ќе направи помалку грешки, тој ќе победи, истакна Митревски.  (МИА)