четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Мојсов: Не останува време за тагување, мора да се фокусираме на тоа што ни остана

Мојсов: Не останува време за тагување, мора да се фокусираме на тоа што ни остана

Тренерот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ не се појави на прес-конференцијата, а неговиот помошник Божидар Мојсов рече дека и заморот го направил своето.

„Му честитам на Нексе за победата. Ние можеме само да жалиме за нашите пропуштени шанси. Одигравме тежок натпревар, сакате верувале, сакале не, пет меча во девет дена навистина е тешко да се одиграат, ракометарите беа истрошени. Не успеавме максимално да се подготбиме и можеби тука ја пропуштивме нашата шанса, да поведиме и да одиме понатаму. Меѓутоа, што е тука е, беа подобри од нас, одиграа поцврсто од нас. Голема благодарност до играчите, едноставно, заслужија барем победа. Не останува време за тагување, мора да се фокусираме на тоа што ни остана, да пробаме да ја донесиме титулата во Битола, се надевам ќе успееме во тоа“, изјави Мојсов.