вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Мојсовски: Струшкиот ракометен турнир си има континуитет, еден од најстарите на Балканот

Мојсовски: Струшкиот ракометен турнир си има континуитет, еден од најстарите на Балканот

Се одбројува ситно до големиот спортски спектакл во Струга каде од 16 до 19 август ќе се одржи Меѓународниот турнир во ракомет, 51 по ред, на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Сите кои не се во можност да присуствуваат, натпреварите ќе може да ги следат во живо на јавниот сервис како и на YouTube каналот на организаторите.

– Овој турнир како еден од најстарите на Балканот и во Европа, си има континуитет, и си дава млади перспективи и репрезентативци кои ги красат боите на македонската репрезентација, на нашата држава, и секако од нив очекуваме нови ѕвезди. Ние како Агенција за млади и спорт сме генерален покровител на овој настан, наше е задоволството да го гледаме турнирот како расте. Тука сме да поддржиме сè што е во поврзаност со спортот, а јас како човек кој доаѓа од ракометната игра, овој наш спорт, ракометот и натаму е спорт број 1 во Македонија и се надевам дека така ќе остане. Се надевам дека турнирот ќе помине во најдобар ред, како и секоја година, и посакувам полни трибини во текот на натпреварите – рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски