Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов денеска изјави дека машката ракометна репрезентација на Македонија ќе добие премија од 40.000 евра доколку се пласира на првото место во групата, а 30.000 евра доколку избраниците на Данило Брестовац бидат втори.
Македонија е на добар пат да обезбеди пласман на ЕП 2020 година, а на сениорите им требаат две победи за освојување на првото место.
Последен предизвик за репрезентативците ќе бидат средбите против Турција на гостински терен и против Грција во Скопје на 12, односно 16 јуни.