Македонската кадетска ракометна репрезентација заврши како четврта на „Шпаркасе“ турнирот во Германија.
Дуелот за третото место нашите млади репрезенетативци го загубија против Египет со конечни 25:21, додека пак првото место го освои домаќинот Германија. „Панцирите“ во финалето беа подобри од Исланд со 28:26.
Во нашиот табор Калајџиоски со пет гола беше најјефикасен, додека Белистојановски додаде гол помалку.