четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Начевски и Николов ќе го судат дербито на денот

Начевски и Николов ќе го судат дербито на денот

Довербата која македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја уживаат кај челниците на светскиот ракомет потврдена е уште еднаш.

Нападот од данските медиуми за случај за наводно местење на натпревари кој одамна е решен, не им наштети на Начевски и Николов.

Македонската судиска ракометна двојка е делегирана за денешниот натпревар меѓу Унгарија и Португалија со почеток во 20:30 часот.

Начевски и Николов денеска ќе го судат мечот кој е дерби на денот и кој ќе се одигра во Кристиjанстад арената.