сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Начевски и Николов ќе го судат мечот помеѓу Германија и Египет

Начевски и Николов ќе го судат мечот помеѓу Германија и Египет

Македонија ќе има претставник во елиминационата фаза од машкиот ракометен Олимписки турнир во Токио.

Судиската двојка Ѓорги Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на мечот од четвртфиналната фаза во која ќе се сретнат Германија и Египет.

Македонците досега судеа неколку дерби-дуели во Токио и секогаш беа на висина на задачата, а доколку ја продолжат серијата беспрекорни арбитражи и на утрешното четвртфинале, нема сомнеж дека тие потоа ќе бидат дел и од самата заавршница и битката за медали на овие Олимписки Игри.