Ракометните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер, ќе играат за првпат оваа сезона во македонскиот шампионат, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди судиите за мечот.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат на центарот на игралиштето во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје
Двата најквалитетни македонски клуба ќе играат во рамки на третото коло од шампионатот, а досега и двете имаат по две очекувани победи.
Делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе започне од 17:00 часот.