среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Најдобриот српски ракометар се повлекува од репрезентацијата

Најдобриот српски ракометар се повлекува од репрезентацијата

Српската машка ракометна репрезентација останува без најдобриот ракометар Петар Ненадиќ.

Ракометарот на Веспрем кој има 35 години и настапува на средната бековска позиција требаше да игра на Европското првенство (ЕП), но не настапи за националниот тим поради повреда на мускулот.

Српскиот ракометар преку соопштение образложи дека нема повеќе да игра за Србија. Одлуката која ја донел е најтешка за него, но вели дека морал да го направи тоа.