Вардар ги брои последните минути во ваков состав, а тоа е веќе видливо и на теренот.
Ракометарките се бодрат со извикот „Со срце ЗА НАС“ по завршувањето на тајмаутите.
Фиктивно го носат дресот на Вардар, но дали е ова порака дека сега си играат само за себе…па така традиционалниот поздрав на тајм-аутите, „За кого? За Вардар“, сега во Будимпешта го сменија. „За срце, за нас!“, гласеше мотивирачката порака на „црвено-црните“ дами.