Ракометарите на Нант продолжуваат со одлични игри за време на подготвителниот период. По освојувањето на турнирот во Баскија, екипата на Кирил Лазаров го освои и претсезонскиот турнир во Гаја (Португалија).
Иако играа без Калваканти и Скурински, момците на Алберто Ентрериос извојуваа победи против Порто со 39-32 (16-16) и против АЕК Атина со 29-23 (17-12)..
Идниот викенд екипата на Нант ќе учествува на турнир во Лимож, каде покрај домаќинот, ќе играат и француските прволигаши Ним и Монпелје.