среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Недановски: Не успеавме да го издржиме нивното темпо

Недановски: Не успеавме да го издржиме нивното темпо

Македонскиот ракометен тим Вардар беше рамноправен противник во првите 30 минути (14-14) со германскиот РНЛ , но во продолжение не го издржа силното темпо на бундеслигашот и загуби убедливо во првиот меч.

„Рајн-Некар играше 60 минути во силно темпо, а ние не издржавме до крај. Во првото полувреме бевме рамноправен противник, но по 40. минута ја загубивме главата. Знаев дека во вторите 30 минути ќе играат брз ракомет, ми беше страв дали ќе го издржиме нивното темпо и за жал не успеавме“, кажа тренерот Владо Недановски.

„Црвено-црните“ ќе се обидат да направат изненадување во Германија следната недела, а потоа ги чека меч против Пелистер во Суперкупот на Македонија.