четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Недановски: Овој Вардар има голем потенцијал

Недановски: Овој Вардар има голем потенцијал

Македонскиот ракометен шампион Вардар оствари посакувана победа со пет голови разлика против Татран Прешов и се реваншираше на словачкиот тим за поразот минатиот месец, триумф со кој македонскиот првак го презема првото место на табелата во СЕХА лигата.

Втората победа во низа во регионалното натперварување донесе можеби и најдобра слика за Вардар во оваа 2023-та година, но тренерот Владо Недановски е убеден дека овој тим само ќе продолжи да расте кога ќе се вратат и повредените играчи.

Иако тимот е доста изменет од шампионските денови, Вардар сака да се прикаже во препознатливо светло во СЕХА лигата, додека повеќе од јасно е дека ќе атакува на трофејот во домашното првенство.

– Ова беше навистина одлични перформанси од нас пред одлична атмосфера. Ситуацијата беше доста поразлична од првиот меч, бидејќи можевме да сметаме на неколку важни играчи. Имавме повеќе време да се подготвиме за овој меч и тоа се виде на теренот.Имавме грешки, но бевме фокусирани во нападот и не дозволивме нивните голмани да имаат влијание како на првиот меч. Кога ќе се вратат сите наши играчи, ќе бидеме уште подобри, овој тим има потенцијал, – изјави Владо Недановски.